ПОЧЕТНА » КАВАДАРЦИ » ПЕШТЕРАТА ЛЕКОВИТА ВОДА

ПЕШТЕРАТА ЛЕКОВИТА ВОДА


Додадено на 18-04-2016 во КАВАДАРЦИ

Повеќе од јасно е дека природата несебично се истурила со сите свои убавини врз Тиквешијата. Не  штедејќи се дарувала, па оставила и простор оние љубопитните, неуморните и храбри да ја истражуваат. Вистински предизвик за оние со горе споменатите карактеристики се пештерите во околината на Тиквешијата. За среќа ги имаме и тоа со епитет меѓу ретките во светот по својата убавина и пештерските украси. Една од ваквите пештери се крие над селото Праведник длабоко во шумата крај трите дабја. За неа не постои податок во кој период е откриена, но фактите и легендата зборуваат дека од неа многумина си нашле лек и тоа токму на празникот Ѓурѓовден. Се работи за пештерата ,, Лековита Вода ,, .

Долг пат по густа и претежно дабова шума води до пештерата Лековита Вода. За неа слушнале и дивите копачи па сведочевме за нивното трагање по злато и оштетените украси кои ги оставиле зад себе.Пештерите се зашитени со закон па од Орле предупредуваат, немојте да правите неред, освен изобилството на пештерски украси и лековитата вода пештерата не крие друго ништо. Со неа досега успеале да си поиграат само природните катастрофи па од тектонските движења се промениле и дел од украсите, човекот се уште е без моќ, бидејќи длабоко под земја секогаш е неизвесно, а пештерата единствена владетелка.