ПИРОШКИ ОД ПАЛАЧИНКИ
Додадено на 17-11-2014 во храна
1 јајце
250 гр. кисела вода
брашно по потреба
3 кисели краставички
50-100 гр. пилешка шунка
1 јајце за поховање
презла
Јајцето, киселата вода и брашното ги мешаме со лажица смесата да стане хомогена. Ги пржиме палачинките. Краставичките и саламата ги рендаме. Врз секоја палачинка ставаме од краставичките и саламата и ги мотаме. Ги валкаме во јајце, па во презла и ги пржиме.