ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » ПИТОМЦИТЕ ОД ЛЕТНИОТ КАМПУС 2016 ДОНИРАА ЗА ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР ЗА ЛИЦА СО МЕНТАЛЕН ХЕНДИКЕП ПОРАКА ОД НЕГОТИНО

ПИТОМЦИТЕ ОД ЛЕТНИОТ КАМПУС 2016 ДОНИРАА ЗА ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР ЗА ЛИЦА СО МЕНТАЛЕН ХЕНДИКЕП ПОРАКА ОД НЕГОТИНО


Додадено на 14-07-2016 во НЕГОТИНО

Питомците и студентите учесници на седмиот по ред ” Летен кампус 2016 ″ кој се одржуваше во Центарот за обука „ Пепелиште “ и Армискиот полигон Криволак и годинава донираа хуманитарни средства за лицата со ментален хендикеп од Дневниот центар „ Порака “ од Неготино. 

Десеттина учесници офицери и подофицери заедно во координација со локалната самоуправа ги врачија собраните маички, капи, ужина и пластична амбалажа за лицата со посебни потреби, а другаруваа и  заедно со штитениците на дневниот центар. Потпоручник Анита Среќковиќ истакна дека вистинска чест и задоволство да се биде дел од оваа хуманитарна акција. Таа додава дека поводот за оваа посета во име на деканот на Воената академија, директорот на кампусот и околу триста учесници е да ја покажат и докажат нивната целосна посветеност и хуманост, кога се во прашање лицата со посебни потреби, нагласувајќи дека многу им значат насмевките на овие лица. Таа потсети дека Армијата, и посебно Воената академија, секогаш донирале и секогаш ќе бидат со овие лица. Оваа хуманитарна акција на питомците, во состав на меѓународната воена активност „Летен Кампус“ се одржува по седми пат. Овој пат со најмногу учесници, од САД, Велика Британија, Турција, Италија, Словенија, Романија, Албанија, Словачка, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Косово и Македонија.

Инаку, со реализацијата на показната тактичка вежба „Сеопфатен пристап на операциите за поддршка на мирот“, вчера на армискиот полигон „ Криволак“ заврши седмиот Летен кампус, на кој учествуваа околу 300 питомци и студенти од 13 држави. По тој повод, заменик-министерот за одбрана на Република Македонија, Беким Максути, посочи дека претставува чест да се биде на овој настан и да се види како 13 различни култури и нации зборуваат еден заеднички јазик. Јазикот на лидерството и јазикот на соработката. Сценарото на летниот кампус секоја година се надоградува со нови научени лекции чија  основна цел е питомците на Летниот кампус да се обучат за дејства во постконфликтни подрачја, за воспоставување на мир и соработка со цивилното население во таквите региони.