ПЛАНИНАРИ НА АНТИГОНЕА ДЕЛ ОД ТРАДИЦИОНАЛНИОТ МАРШ ДАРЕ ЏАМБАЗ
Планинари на СПАОК „ Антигонеа “ од Неготино вчера беа дел од третиот традиционален марш посветен на основоположникот на планинарството во Република Македонија, Даре Џамбаз. Организатор на овој традиционален марш било Планинарското друштво „ Козјак “ од Прилеп, а на истиот учество земале над 600 учесници од планинарски друштва од Кавадарци, Прилеп, Велес, Куманово, Битола, Охрид, Крива Паланка ,Скопје, Пехчево но и од странство.
Тргнувањето било од плоштадот Александрија, Прилеп до селото Дупјачани од каде бил и стартот на маршот. Патеката која ја поминале планинарите била во должина од 16 километри и изобилувала со културно историски споменици, а релацијата се одвивала од с. Дупјачани прку Сурун, Старо македонски гробници, Горно село па до Манастирот Св. Богородица „ Трескавец “ каде бил обезбеден и ручек. Искачувањето било продолжено кон Марковите Кули, карпести гробници, манастирот св. Архангел Михаил, црквата Димитрија па до Амфи театарот Варош. На крајот од овој марш, организаторите за учесниците обезбедиле благодарници за учеството на истиот.