ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » ПЛАНИНАРИ ОД НЕГОТИНО ДЕЛ ОД ТРАДИЦИОНАЛНИОТ МАРШ ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ-МУРАТО

ПЛАНИНАРИ ОД НЕГОТИНО ДЕЛ ОД ТРАДИЦИОНАЛНИОТ МАРШ ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ-МУРАТО


Додадено на 11-05-2016 во НЕГОТИНО

Тројца членови на СПАОК „ Антиогнеа “ Неготино Јане Томов, Никола Најдовски и Орце Донов викендов беа дел од 27 традиционален марш кој се организира во чест  и слава на првиот македонец кој го освоил највисокиот врв на светот Монт Еверест, Димитар Илиевски Мурато.

„ И годинава маршот беше во организација на Планинарскиот спортски клуб „ Пелистер “ од Битола, а на истиот учество земаа над 300 планинари од Македонија и странство меѓу кои и нашите планинари. Овој традиционален марш се одвиваше по две маршути, а нашите планинари се движеа по маршутата еден. До врвот Пелистер пристигнаа преку Инфоцентарот, Палиснопје и Ловечка куќа. Со пристигнување на сите учесници на маршот на врвот Пелистер се одржа традиционално читање за ликот и делото на Димитар Илиевски Мурато, а беше  полпжено цвеќе на споменикот на Димитар Илиевски во дворот на Копанки “ – вели претседателот на СПАОК, Александар Гичовски.

10 мај е еден од најголемите денови во историјата на македонскиот алпинизам. Далечната 1989 година македонскиот алпинист Димитар Илиевски - Мурато како член на Македонската Алпинистичка Хималајска Експедиција се искачил на највисокиот врв на светот Монт Еверест  за прв пат развиорувајќи го македонското знаме. Иако и по 15 часа одење успеал да го искачи врвот, на враќање неговата трага се губи . Причината за неговата смрт и до ден дене не е разјаснета бидејќи за целото време на искачувањето и симнувањето бил во одлична состојба. Се претпоставува дека на симнување од врвот Диме останал најверојатно на височина од 8200 метри.