ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » ПЛАНИНАРИТЕ ОД АНТИГОНЕА СЕ ИСКАЧИЈА НА ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ

ПЛАНИНАРИТЕ ОД АНТИГОНЕА СЕ ИСКАЧИЈА НА ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ


Додадено на 29-03-2016 во НЕГОТИНО

Тринаесет планинари на неготинското  планинарско друштво „ Антигонеа “ викендот беа на Осоговски планини. Главна цел била освојувањето на врвовите Калин Камен  висок 1884 метри надморска височина и Царев врв висок 2078 метри надморска височина.

„ Поради густата магла и снегот кој непрекинато паѓаше, а на некои делови видливоста беше и од 5 до 10 метри  беше невозможно искачувањето на Царев врв. Пристигнавме до 2000 метри надморска височина, а се откажавме на еден час искачување до врвот Царев врв, додека пак гоискачивме врвот Калин Камен кој е висок 1884 метри надморска височина. Поминавме 23 км по снежен терен којшто на делови имаше покривка повисока од 20 см. Временските услови беа непредвидливи од пролет на почетокот на акцијата до студена и снежна зима пред целта со густа магла и снежен терен “ – вели претседателот на друштвото Александар Гичовски кој воедно беше и дел од групата.

На ова искачување биле и четворица гимназијалци од СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ Неготино и тоа Диме Петров, Блаже Ѓорев, Александар Нацев и Дарко Здравков на кои ова им била прва акција над 2000 метри кои и покрај временските услови успеале да ја реализираат.

Од неготинското друштво истакнуваат огромна благодарност до Бобан Стефановски Куманово, лиценциран водич од Федерацијата на планинарски спортови  којшто бил водич на оваа акција .