ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » Плинот за автомобилите од денес ќе се продава по цена од 28 денари

Плинот за автомобилите од денес ќе се продава по цена од 28 денари


Додадено на 13-01-2015 во МАКЕДОНИЈА

Паднаа и цените на природниот гас. Од денеска возачите кои возат автомобили кои како гориво користат ЛПГ ќе треба да одвојат по 28 денари за литар од овој енергенс. Претходно цената на ова гориво изнесуваше 31,5 денари но по намалувањето неговата цена е намалена за 3,5 денари.

 

Најава за пониски цени има и кај метанот и тоа намалување за 5 денари и наместо по досегашната цена од 48 денари за килограм тој од денес ќе се продава по нова цена од 43 денари. Намалувањето на цената на метанот пред се се должи на постигнувањето поволен договор меѓу Макпетрол и Газпром. Според договорот, за 5,4 денари по нормален метар кубен се намалува и цената на природниот гас за индустријата со што наместо за 29,9 ќе се продава за 24,5 денари.