По невидената грешка во полуфиналето водителката Марија се огласи на Твитер
За време на прогласување на финалистите на емисијата „Твоето лице звучи познато“ поп пејачката Неда Украден доживеа вистинска непријатност. По лошото пребројување на гласовите водителката Марија Килибарда и кажа на Неда дека таа е еден од финалистите, а веднаш по тоа и соопшти дека сепак дошло до грешка и дека таа не оди во финале. Поради овој пропуст Неда бесна го напуштила студиото и не ја изведе победничката нумера заедно со останатите натпреварувачи. По целиот скандал, Марија се огласи на социјалната мрежа твитер.
„ Да не беше вака лудо во финишот се ќе беше совршено, а совршеното е секогаш досадно ;))Горда сум на целата екипа, а особено на Боки“.