Погледнете ја новата песна на шестнаесетгодишниот Дејан Јованов
Новата песна на шестнаесегодишниот рапер Дејан Јованов од Демир Капија е уште една музичка приказна со која тој ви подарува дел од својот живот и дел од себе.
Текстот за песната е дело на овој млад надежен средношколец, а музиката на неготинецот Јован Димитров. Притоа песната ја снимиле во студиото на седумнаесетгодишниот средношколец Мартин Андов кој веќе неколку години соработува со повеќе музичари за кои создава музика.
Погледнете го крајниот продукт од соработката на овие тројца толку млади, а толку надежни музичари.
Е.Д.