ПОДЕМ одржа годишно собрание во Неготино
Вчера вечер Партијата за обединети демократи на Македонија го одржа своето годишно собрание во општинската сала за состаноци во Неготино. Во согласност со точките на дневниот ред, ПОДЕМ изврши измени и дополнувања во извршниот одбор, го избра новиот веле претседател Зоран Стојанов и ја објави бројката на нови членства во партијата.
Поздравниот збор го даде претседателот на партијата Живко Јанкуловски кој истакна дека во Тиквешијата, ПОДЕМ најактивно работи во областа на земјоделието, а посебно внимание посветува на земјоделците, особено кога им треба помош при потполнувањето документи за субвенците, како и кога им треба советување за ИПАРД програмата.
Покрај другото, со ова годишно собрание политичката партија обележа и пет години од своето постоење, како и едногодишно работење на нејзините 53 општински организации.
Е.Д.