ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » Подршка за македонското вино од државата

Подршка за македонското вино од државата


Додадено на 13-01-2013 во МАКЕДОНИЈА

Во насока на подршка на туризмот државата ќе подржува отворање на специјализирани  продавници за вино.  Тоа значи подршка на македонското вино преку продажба  во повеќе поголеми македонски градови, во туристичките центри, во хотелите, на граничните премини и аеродромите, или подобро речено на оние локации каде има поголема концентрација на странски туристи.

“Владата ќе финансира или ќе кофинансира отварање на вински продавници и вински штандови во три посебни категории и тоа: опрема, закупнина и нови работни места.  Така во однос на винските продавници, Владата ќе финансира опремување на продавниците во износ не поголем од 1 милион денари по продавница, а за винските штандови износот не треба да биде поголем од 600 000 денари по штанд.Во однос на закупнината, Владата ќе финансира 50 проценти од вкупниот износ на закупнината, кој не смее да биде поголем од 30 000 денари по месец.  Во однос на новите работни места, Владата ќе го финансира вработувањето на 4 лица за секоја винска продавница и за 2 лица за секој вински штанд.“ информираше денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Тој напомена дека финансирањето на платите, неможе да биде помало од 50 проценти од просечната плата, која во моментов изнесува околу 320 евра, а се остава можност и за поголем процент на финансирање, таму каде што тоа ќе биде потребно. Според него со овие продавници и штандови ќе се отвореле од 100 до 150 нови работни места.