ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » ПОЕВТИНУВААТ ГОРИВАТА

ПОЕВТИНУВААТ ГОРИВАТА


Додадено на 11-01-2016 во МАКЕДОНИЈА

Бензините од ноќеска на полноќ со нова цена и ќе поевтинат за 0,5, а дизелот за еден денари. ова денеска го одлучи  Регулаторната комисија за енергетика. Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 61, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 63 денари. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 42,50 денари. Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за 0,5 денари и ќе чини 31,5 денари за литар. Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,645 денари за килограм и ќе изнесува 15,324 денари.

Регулаторната комисија за енергетика ја утврди новата цена на горивата врз основа на движењата на цената на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на денарот  во однос на доларот во изминатите 14 дена.