ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » Поевтинуваат лебот и печивата

Поевтинуваат лебот и печивата


Додадено на 06-02-2015 во МАКЕДОНИЈА

Во меѓувреме на пазарот се појавија уште 25.000 тони на пченица која ја продадоа државните стокови резерви, а се нуди и српска пченица по цена од отколку 12 денари за килограм, но таа е пазарен вишок бидејќи нема кој да ја купи, пишува Дневник. Мелничарите велат дека се зависи од квалитетот и која е намената на пченицата. За кратко најавуваат и корекција на цената на лебот. Можно е истиот да поевтини, но минимално, за еден до 2 денари поради тоа што сега се покриваат загубите кои фирмите ги направиле кога цената на пченицата била 250 евра за тон. Во тој период цената на лебот и белите печива останала иста.