ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » ПОЛЕКА СЕ ЗГОЛЕМУВА СВЕСТА ЗА ЗГРИЖУВАЧКИТЕ СЕМЕЈСТВА

ПОЛЕКА СЕ ЗГОЛЕМУВА СВЕСТА ЗА ЗГРИЖУВАЧКИТЕ СЕМЕЈСТВА


Додадено на 18-11-2014 во НЕГОТИНО

Згрижувачките семејства претставуват најхуманата, најсоодветната форма која е најблиска до биолошките семејства кои што нудат вистинска грижа и заштита на децата без родители и без родителска грижа, но и на децата со пречки во развојот. Во Република Македонија во моментов има 180 згрижувачки семејства кои што згрижуваат точно 288 деца без родителска грижа од кои 80 се деца со пречки во развојот, а сите останати се деца без родители и родителска грижа. Марика и Зоран Аврамови  се единственото загрижувачко семејство во Градско. Денеска бевме почесни гости во нивниот дом каде низ заеднички разговор го пренесоа своето позитивно искуство како згрижувачко семејство. „ Најпрво ја добивме Веснето. Таа беше 5 одделение кога дојде кај нас па кога го заврши основното ја запишавме во текстилно стручно училиште. Два месеци подоцна дојде и Благето. Таа веќе имаше завршено средно училиште. Кога дојдоа беа дечиња а сега се возрасни. Веснето има 20 години, а Благето за еден месец 26 години “- велат Марика и Зоран Аврамови. Како што велат Зоран и Марика Аврамови, во нивната куќа секојдневно владее смеа и радост. Покрај овие две девојчиња тие имаат и свои два сина, кои несебично ги поддржуваат и му помагаат. На прашањето како се одлучија на овој чекор, да згрижат дечиња тие одговорија: „Читав екран. Тоа беше многу одамна. Му реков на сопругот. Да јас ова можам да го работам зошто да не. Заминав во Центарот за социјални работи пополнив формулари и ете, се случи тоа. Веќе 9 години функционираме како што и денес сами гледате“- рече Марика. Весна и Благица иако не се во биолошка врска велат дека се сакаат како родени сестри. Си помагаат една со друга, но им помагаат и на своите родители-згрижувачи во секојдневните работи. Весна, од г-ѓа Марика научила да плете а Благица сака заедно со Зоран да гледа фудбал. Не ја сокрија и желбата дека сакаат да патуваат, а многу често биле и посетители на манастирот Свети Ѓорѓија во Неготино каде што како што и самите кажаа се чувствуваат најдобро. Инаку, од неодамна општина Неготино на иницијатива на градоначалникот Апостолов донесе одлука со која покрај помошта од надлежните државни органи, ќе издвојува по 5000 денари за згрижено дете, со цел да се стимулираат што поголем број на згрижувачки семејства да се грижат за деца без родители и родителска грижа.