ПОЛИЦИСКА КОНТРОЛА ВО 33 УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ ВО НЕГОТИНО И КАВАДАРЦИ
Полицијата заедно во соработка со позарната инспекција и УЈП, вчера извршија контроли во 33 угостителски објекти, од кои 16 на подрачјето на Неготино и 17 на подрачјето на Кавадарци при што беа изречени три глоби на физички лица, како и една глоба на правно лице по Законот за заштита од пушење. Покрај овие, извршена е и акциска контрола на 12. и 13. ноември при што се контролирани 29 угостителски објекти, од кои шест во Охрид, 16 во Берово и седум во Скопје. Во Охрид се констатирани прекршоци за физичко и правно лице по Законот за заштита од пушење, еден објект е затворен од страна на УЈП и констатиран е прекршок за нарушување на јавниот ред и мир. Во Скопје исто така беа констатирани прекршоци по Законот за заштита од пушење и три објекти беа затворени од страна на УЈП и Пазарна инспекција при што се поднесени соодветни поднесоци. На 13/14.11 беа контролирани пет угостителски објекти и во Струмица при што се констатирани два прекршоци за физички и еден за правно лице по Законот за заштита од пушење и во два угостителски објекти беа констатирани прекршоци од надлежност на УЈП.

