Положено свежо цвеќе на спомен бистите на паднатите борците од НОБ
По повод одбележувањето на празникот на општина Неготино 8-ми Ноември и 70-годишнината од слободно Неготино, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, претставници на Советот на општина Неготино, претставници на Здружението на борци, политички партии, претставници на министертсвото за внатрешни работи, претставници од делегации од Бугарија, на бистите поставени пред општинската зграда на паднатите борци од НОБ им оддадоа достојна почит почит и внимание за дадениот живот за слободата на Неготино, положувајќи свежо цвеќе.