ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » ПОМОШ ЗА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИСПРАТИ СРБИЈА

ПОМОШ ЗА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИСПРАТИ СРБИЈА


Додадено на 09-02-2015 во МАКЕДОНИЈА

Помош од 50.000 евра ќе испрати Србија за поплавените подрачја во Македонија. Исто толку поради последниците од катастрофалните поплави ќе ѝ бидат донирани и на Албанија.  Ваквата одлука била донесена вчера на седница на српската влада, а иницијатор на предлогот, како што пишуваат српските медиуми, бил премиерот Александар Вучиќ.

Тамошните медиуми пишуваат дека поради обилните дождови и порастот на водостојот на реките Шемница и Црна во пелагонсикиот дел во Македонија се формирало езеро поголемо од Дојранско Езеро, со длабочина од три метри.