ПОЧЕТНА » МУЗИКА » Поповиќ: Северина и јас би сакале да посвоиме дете

Поповиќ: Северина и јас би сакале да посвоиме дете


Додадено на 22-10-2012 во МУЗИКА

Иако се почесто се зборува за криза во врската помеќу Северина и нејзиниот вереник Милан Поповиќ, српскиот бизнисмен рекол дека тој и пејачката би сакале да посвојат дете.

 

 

 

-Раѓањето на Александар во многу нешта го унапреди нашиот заеднички живот. Инаку, и Северина и јас многу сакаме деца. Би сакале да имаме многу деца, размислуваме и за посвојување, изјавил Поповиќ за магазинот „Глорија“.

Тој исто така рекол, не коментирајќи ги наводите дека Северина ја направила крштевката на нивниот син без негово присуство, дека не сака многу да зборува за неговиот однос со познатата пејачка.

-Да бидем искрен, нашите кариери се движат во сосема различни насоки. Јас не се занимавам со нејзината професија, а таа не се занимава со мојата. Никогаш не сум ја прашал за парите што ги заработила од настапи, а јас всушност и незнам колку заработувам, рекол тој.

Исто така, тој рекол дека му е тешко што е одвоен од синот и од вереницата, но дека нивната врска е стабилна и отпорна на коментари и трачеви.