ПОЧЕТНА » МУЗИКА » Поранешните ЈУ републики потфрлија на Евровизија

Поранешните ЈУ републики потфрлија на Евровизија


Додадено на 15-05-2013 во МУЗИКА

 

На 58-то издание на песната за Евровизија кое се одржува во Малме, Шведска, во првото полуфинале земјите учеснички од поранешна Југославија не изборија пласман во финалето.

Испаднаа Словенија, Хрватска, Црна Гора и Србија, а на нив им се приклучија Кипар и Австрија.

Во финалето во сабота ќе ги видиме и слушнеме преставниците на Данска, Литванија, Белорусија, Естонија, Ирска, Молдавија, Русија, Белгија, Украина и Холандија.

Преставниците на Македонија Влатко Лозановски и Есма ќе настапат во втората полуфинална вечер во четврток.