ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » ПОЧИНА АКТЕРОТ ВАСИЛ ШИШКОВ

ПОЧИНА АКТЕРОТ ВАСИЛ ШИШКОВ


Додадено на 22-12-2014 во МАКЕДОНИЈА

На 44 годишна возраст  ненадејно почина познатиот македонски актер Васил Шишков, син на легендата на македонското актертво Ристо Шишков. Васил беше дел од ансамблот на Македонскиот народен театар, а последната улога ја толкуваше во претставата „Вечната куќа“ каде го глумеше својот татко. Шишков на македонската театарска сцена работи од 1991 година.

За време на своето работење тој играше во повеќе филмови и телевизски серии. Оствари улоги во „Македонија може“, „Бумбари“, „Адска машина“, „Џипси меџик“, „Сенки“ како и во голем број епизоди на Македонски народни приказни. Информација за неговата ненадејна смрт ја потврдиле и негови колеги актери. Околностите под кои починал актерот Шишков се уште не се познати.