ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » ПОЧИНА ДИЏЕЈ БАБУРА

ПОЧИНА ДИЏЕЈ БАБУРА


Додадено на 22-01-2016 во МАКЕДОНИЈА

По кратко боледување, утринава во Скопје почина познатиот диџеј Бабура, односно Љупчо Петровски (44).  Диџеј Бабура беше еден од најзначајните музичари во Македонија кој беше дел од растот на македонската модерна клупска и радиoсцена.

Настапуваше со сите светски диџеи што гостуваа во земјава, а со неговите музички сетови израснаа повеќе генерации во клубовите низ Скопје и низ земјава.
Тој почна уште во деведесеттите години со пуштање музика на радиото „Мега ФМ“, за потоа да продолжи во радио „Антена 5“, а потоа во „Сити радио“.