ПОЧЕТНА » МУЗИКА » ПОЧИНА КЕМАЛ МОНТЕНО

ПОЧИНА КЕМАЛ МОНТЕНО


Додадено на 21-01-2015 во МУЗИКА

Легендарниот музичар и кантавтор Кемал Монтено починал денес во 11 часот во Загреб. Оваа информација синот на Монтено ја потврдил на Халид Бешлиќ, нивниот голем семеен пријател, пишува Аваз.

Денес од силна воспаление на белите дробови по трансплантација на бубрег почина сараевскиот музичар Кемал Монтено. Познатиот музичар почина на 66 годишна возраст. Кемал Монтено по операција пред две недели повторно завршил во болница поради намалениот имунитет. Богатата кариера започнува да ја гради во 60 –тите години на минатиот век на фестивалот „Ваш шлагер сезоне“ на кој настапи со песната „Лидија“. Кон крајот на седумдесеттите публиката ја освојува со песните „Земљо моја“ и „Сарајево љубави моја“, а во текот на кариерата објавил вкупно 15 албуми.