ПОЧЕТНА » МУЗИКА » Почина поранешниот тапанар на Ајрон Мејден

Почина поранешниот тапанар на Ајрон Мејден


Додадено на 14-03-2013 во МУЗИКА

 

Некогашниот тапанар на една од најпознатите светски хеви метал групи, „Ајрон Мејден“, Клајв Бар, почина на 56-годишна возраст од мултиплекс склероза.

„Беше прекрасна личност и фантастичен тапанар, кој даден значаен допринос за Ајрон Мејден во раните денови, кога штотуку почнувавме“ – соопштил оновачот на бендот и негов басист, Стив Харис.

Бар се придружил на групата Ајрон Мејден во 1979 година и свирал на првите три албуми во овој состав: „Iron Maiden“, „Killers“ и познатиот „The Number of the Beast“ од 1982 година.

Пред да и’ се придружи на оваа група, Клајв Бар свирел во британскиот метал бенд Самсон. Ги напуштил Ајрон Мејден во 1982 гоина, во моментот кога станаа глобална атракција.