Почнува 15. саем на книга на Клуб Матица
„Традиција 2000-2015“ е слоган под кој од денеска до 31 јануари ќе се одржува 15-тиот саем на Клуб Матица. Како и во изминатите, и за оваа година Матица најави попусти на изданијата од 10 до 80 отсто зашто цел и мото на саемот секоја година е „Книга во секој дом“.
Матица ќе промовира иницијатива за празнување Ден на македонската книга, кој би се одбележувал на 23 мај, ден пред Денот на македонската писменост. Оваа година и саемот е фокусиран на македонските автори и дела.
- „Книга во секој дом на Булеварот на книгите“ – овојпат посветена на македонските автори. Нашата идеја е едноставна – секојдневно дружење со македонски автори, денови во кои нивните дела ќе имаат промотивни цени. Ова е воедно продолжување на афирмирањето на идејата за празнување Ден на македонската книга, соопшти Клуб Матица.