ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ГИ ЧЕСТВУВААТ СВЕТИ ТРИ ЕРАРСИ

ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ГИ ЧЕСТВУВААТ СВЕТИ ТРИ ЕРАРСИ


Додадено на 12-02-2016 во МАКЕДОНИЈА

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 јануари и православните верници ги честуваат Св. Три eрарси.

Празников е установен во единаесеттиот век, иако тројцата светители (Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст) на кои денес Црквата се сеќава, живееја во четвртиот век. Со тек на времето, нивната светост почна да се мери со човечки мерила, па така овие светители наместо причина за соединување во љубовта станаа предмет на меѓусебни разделби. Христијаните се делеа, мерејќи кој од нив е посвет од другите. За да го запре безумието Црквата го установи нивното заедничко и рамночесно празнување на овој ден, иако секој од нив има и свој посебен празник. Овие светци се сметаат за заштитници на луѓето и на животните од мраз, студено време и од зли ветрови. Затоа, според старите верувања, се смета дека какви што ветрови ќе дуваат денеска, такво ќе биде времето во текот на годината.

Исто така, денеска не треба да се работи тешка работа по дома.