ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » ПРВИ АПРИЛ ВО НЕГОТИНО

ПРВИ АПРИЛ ВО НЕГОТИНО


Додадено на 01-04-2016 во НЕГОТИНО

Први апрли денот на шегата традиционално и годинава се одбележа и во општина Неготино. Принцези, пеперутки, доктори, самовили, индијаци, каубојци, кловнови, пчелички, бубамари беа дел од маските кои продефилираа низ неготинските улици „ Маршал Тито “ и „ Партизанска “ во рамки на манифестацијата „ Априлијада 2016 “.

На манифестацијата со свои маски се претставија дечињата од двата клона на Детската градинка „ Фемо Кулаков “, учениците од основните училишта „ Гоце Делчев “ и „ Страшо Пинџур“, од средното училиште „Св. Кирил и Методиј“ и други дечиња од општината. Централниот настан се случуваше на градскиот плоштад во Неготино, каде присутните граѓани имаа можност да проследат и да уживаат во културно-уметничката програма на која со хумористични, денс точки се претсави учениците од двете училишта во Неготино. Убавото време ги привлече неготинци да излезат во голем број и да ја проследат целокупната богата програма. И овогодинешната Априлијада 2016 беше во организација на општина Неготино.

Инаку, денот на шегата се прославува секоја година на 1 април во најразлични земји во светот. 1 април не е национален празник но секаде е признат и се прославува како ден кога многумина прават разни шеги на туѓа сметка.