ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » ПРВО МЕСТО ЗА СОУ СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ НЕГОТИНО НА НАТПРЕВАРОТ СООБРАЌАЈНО ТЕХНИЧКА КУЛТУРА НА МЛАДИТЕ

ПРВО МЕСТО ЗА СОУ СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ НЕГОТИНО НА НАТПРЕВАРОТ СООБРАЌАЈНО ТЕХНИЧКА КУЛТУРА НА МЛАДИТЕ


Додадено на 26-05-2016 во НЕГОТИНО

Во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во саботата Скопје се одржаа традиционалните сообраќајно-воспитни манифестации „ Детски семафор “ и „Сообраќајно техничка култура на младите“ за 2016 година. На овие манифестации учествуваа околу 100 ученици од основните училишта и 40 ученици од средните училишта од целата република.

На државниот натпревар „ Сообраќајно техничка култура на младите “ учество со свои претставници зема и СОУ „ Св. Кирил и Меодиј “ од Неготино во состав Миле Ефтимов, Александар Мицев и Игне Јанчев, а под менторство на професор Симеончо Пушкинов. Неготинските средношколци освоија најмалку негативни поени и го освоија првото место. Второто место и припадна на општина Аеродром а третто место го освои екипата од општина Пробиштип. Средношколците како најдобри се покажаа и во поединечен пласман. Миле Ефтимов го освои првото место, а Александар Мицев го освои третто одделение.

Во позитивна натпреварувачка атмосфера, учениците ги покажале своите вештини и знаења од областа на сообраќајните правила и прописи и вешто управување со велосипед и мотор. На учениците кои остварија најдобри резултати на натпреварите, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата им додели награди, дипломи и признанија.