ПРЕЗЕНТИРАН ПРОЕКТОТ МАКЕДОНИЈА ВРАБОТУВА 2 ВО НЕГОТИНО
На градскиот плоштад во Неготино синоќа беше презентиран проектот „ Македонија вработува 2 “ преку кои граѓаните имаа можност да се запознаат со целите и придобивките од проектот, отварањето на нови работни места, финансиската поддршка како и бројните придобивки од проектот. За самиот проект говореше раководителот на Центарот за вработување Неготино, Кристина Чадамова која истакна дека ова е еден од проектите кој се покажал како еден од најуспешните проекти во процесот на отварање на нови работни места, чии поволности биле искористени од над 10.000 компании на ниво на Македонија.
На штандот кој беше поставен на градскиот плоштад беше присутен и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој додаде дека овој проект е еден од позначајните кои придонесувал за намалување на невработеноста и се надева дека истиот ќе ги пстигне посакуваните резултати со што ќе се придонесе до намалување на невработеноста во општина Неготино.