Прекинато финалето на Купот поради извици УЧК
Финалето на купот на Република Македонија во фудбал, кое се игра на арената Филип Втори во Скопје речиси и да не почна, а е прекинато.
Главниот судијата Александар Ставрев одлучи да ги испрати фудбалерите во соблекувалните само по десетина минути игра, поради извици на фановите на Шкендија за „УЧК“, пренесе Екипа.
Фановите на Шкендија свиреа и при интонирањето на македонската химна пред почетокот на финалниот натпревар.
По десетина минути фудбалерите излегоа на теренот, но судијата повторно го прекина мечот.
Поради непочитување на кодексот на однесување на навивачите на Шкендија вечерва нема да биде одиграно финалето, одлучи дисциплинската комисија на ФФМ.