ПОЧЕТНА » храна » ПРЕЛИЕНО ИЗВРТЕНО ПЕЦИВО

ПРЕЛИЕНО ИЗВРТЕНО ПЕЦИВО


Додадено на 20-11-2014 во храна

СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТО

1 кг. брашно + 50 гр. за домесување

650 мл. топло млеко

40 гр. квасец

1 лажичка сол

1 лажичка шеќер

околу 150 гр. омекнат маргарин

ЗА ПРЕЛИВ

500 мл. неутрална павлака за готвење

3 големи јајца

1/2 лажичка сол

 

Активирајте го квасецот во дел од топлото млеко со шеќерот и прстофат брашно.
Во длабок сад за месење ставете го брашното. Во средината направете дупка, а по краевите распоредете ја солта. Измесете, додадете го останатото брашно, домесете и оставете го на топло да се дуплира. Тестото потоа развлечете го во правоаголна кора. Намачкајте го со маргарин или сало, преклопете од долгата страна до средината, потоа уште еднаш од спротивните страни, како што се прави за лиснатите теста. Потоа уште еднаш развлечете го во големина на плехот од шпоретот. Тестото одприлика ќе ви дојди околу 1 см во висина.
Исечете траки со ширина од 1см и секоја ја извртуваме како спирала и ја редиме во подмачканиот плех. Така нареден плехот го оставаме уште 20 мин да нарасне. За преливот, јајцата ги разбиваме со жица за матење, па ја додаваме павлаката и солта и промешуваме се убаво да се соедини. Со него го преливаме пецивото и го ставаме да се печи на 180с тепени околу 40 мин. Пред да го извадите од рерна, проверете/подигнете со помош на ножот дали е добро испечен долниот дел. Тоа поради заливката, зависи и од самиот шпорет како ви печи, па ако има потреба оставете го уште малку на долниот греач. Покријте и оставете да олади. Потоа расечете го на парчиња со големина на кифлички и послужете./ мои рецепти