ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » ПРЕПОЗНАТЛИВ СИМБОЛ НА МАКЕДОНИЈА- МАКЕДОНСКИ ШАРПЛАНИНЕЦ

ПРЕПОЗНАТЛИВ СИМБОЛ НА МАКЕДОНИЈА- МАКЕДОНСКИ ШАРПЛАНИНЕЦ


Додадено на 03-02-2016 во МАКЕДОНИЈА

Татковината на шарпланинецот се планините Шар Планина, Бистра, Кораб и другите македонски планини.

 За потеклото на македонското овчарско куче шарпланинец постојан неколку теории. Секако, најпопуларна е дека потекнува од античките кучиња што служеле како ловни, овчарски, воени и како кучиња-чувари и биле наречени молоси, според античкото еширско племе - Молоси. Овие силни и храбри кучиња биле познати и во воените редови на противниците на племето Молоси, а како најчест коментар меѓу војниците бил: "Не можеме да им ги победиме ни кучињата, а како ќе ги победиме, пак, нив".

Втората теорија за потеклото на шарпланинецот е дека во голем степен носи крв на големите овчарски раси на кучиња од истокот, како што се тибетскиот пастир, кавкаскиот овчар, средноазискиот овчар и други, кои на Балканот и во Македонија пристигнале за време на големите воени походи на многубројните племиња од Истокот, како што се Хуните, Аварите, Хазарите, Бугарите и други, како и во големата преселба на народите.

 

Целокупната денешна територија на Република Македонија и на македонските планини може да се наведе како земја на потеклото на шарпланинецот. Шарпланинецот и припаѓа на групата средно големи и на големи раси кучиња. Минималната височина за женките е 54 см, за мажјаците - 56 см, просечна тежина кај возрасните женки се движи меѓу 30 и 40 кг, а кај мажјаците во работна кондиција од 35 до 45 кг.