ПОЧЕТНА » КУЛТУРА » Прием на членовите на делегациите во градоначалничкиот кабинет

Прием на членовите на делегациите во градоначалничкиот кабинет


Додадено на 08-11-2013 во КУЛТУРА

Претставници од Неготин Краина од Србија, Попово од Бугарија и Начката од Унгарија денеска беа на прием во кабинетот на неготинскиот градоначалник, Ванчо Апостолов.

Четирите општини најпрвин разговараа за своите карактеристики што ги имаат во државите во кои се наоѓаат. Секоја од општините ја истакна сопствената значајност  во регионот.

 

 

Градоначалникот, Апостолов, го истакна значењето на Неготино како висококапацитетен производите на грозје и вино пред се’. Притоа тој нагласи и дека неговата цел е да го врати градот онаму каде што бил пред триесетина години – на исто рамниште со највисоко развиените економско-стопански општини.

Општините исто така споделија меѓу себе и за проблемите со кои се соочуваат, но и си понудија целосна поддршка за во иднина.

 

 

Е.Д.