ПРИЗНАНИЕ ЗА ВАНЕ БОШЕВ ОД НЕГОТИНО ЗА НАЈМЛАД ПЛАННАР ЗА 2015 ГОДИНА
Традиционално и оваа година Федерацијата на планинарски спортови на Македонија се приклучи кон одбележувањето на 11 декември „ Светскиот ден на планината “. Оваа година Федерацијата на планинарски спортови „ Светскиот ден на планината “ го одбележа вчера 13 декември на Кањот Матка во Скопје, на која по планинарските тури, федерацијата ги додели принанијата на поединци и клубови кои оствариле значаен успех во 2015 година. Меѓу десетемина најуспешни планинари се најде и малиот планинар Ване Бошев од Неготино на кого му беше доделено и годинава признанието за најмлад планинар на Република Македонија, а признанието му го додели претседателот на Федерацијата професорот Јовица Угриновски.
Таткото на Ване, Орданче Бошев е благодарен до сите оние кои му помогнале на Ване да успеа да ја спроведе целата програма која се состоела од освојување на 16 врвови, и се надева дека и во 2016 година Ване ќе успеа да ги постигне посакуваните резултати.
Инаку, ФПСМ се придружува кон одбележување на овај ден, со цел да се зголеми важноста на планината за секојдневниот живот, како и да се придонесе кон создавање на партнерства кои ќе донесат позитивни промени во нивната заштита.