Природни лекови против кашлица
Еден од лековите е чајот со лимон, мед и ѓумбир. Се приготвува така што во мал сад ќе се изренда лажица ѓумбир, ќе се прелие со шолја врела вода и ќе се остави да отстои пет минути. Потоа се процедува и се додава лажица сок од лимон и лажица мед. Лимонот е богат со витамин Ц па е одличен за имунитетот, медот има природни антибактериски својства, додека пак ѓумбирот загрева. Здружени, тие се одлично средство за смирување на симптомите на настинка.
Другата напивка која може да ви ја смири кашлицата се приготвува од по две капки есенцијални масла од еукалиптус и лимон, како и две лажици мед. Лажичка од оваа мешавина се става во пола чаша топла вода и полека се пие. Еден од најлесни и најбрзи начини за ублажување на сувата кашлица е напивката од бибер. Во лонче ставете десет зрна бибер, прелијте ги со вода и варете додека водата не проврие. Исцедете го биберот и почекајте напивката да стане млака па додадете лажица мед и пијте по малку во текот на денот. За неколку денови кашлицата ќе ослабне, а после два дена редовно земање потполно ќе исчезне.
Можете да ја испробате и следната напивка: помешајте сок од три чешни лук со малку мед и млеко, па мешавината загрејте ја но не дозволувајте да зоврие. Земајте по две лажички наутро и навечер. Ако страдате од зрела кашлица, испробајте ја напивката на база на кромид. Излупете го кромидот и целиот ставете го во тенџере па прелејте го со две литри вода. Кога ќе проврие, оставете го да се вари уште час до два, додека течноста не стане темна. Во шолја ставете две лаживи мед, две лаживи јаболков оцет и на крајот сок од пола лимета, па прелејте со течноста во кој се варел кромидот. Пијте го овој сируп веднаш по станувањето и навечер пред спиење и кашлицата ќе исчезне за неколку дена. Ако ве измачува тешка кашлица, пробајте и други видови на билна терапија како што се чаеви од еукалиптус, анис и копар кои се особено делотворни. Од тие билки направете чај такашто ќе ставите неколку лажици во зовриена вода и ќе оставите да отстои. Испијте три до четири шолји чај дневно.