Пробиен дел од браната во село Липа Неготино
Пробиен е дел од браната во село Липа, Неготинско, и постои опасност целосно да попушти што може да предизвика катастрофални последици, човечки жртви и поплава врз околните земјоделски површини, алармираат претседателот на Месната заедница Јован Гелов и Здружението на граѓани од селото Липа.
Според Гелов, проблемите со браната настанале како последица од поројните дождови.
За проблемот се информирани локалната самоуправа, комуналниот инспектор, Центарот за управување со кризи и Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Липа е иселено, но постојано го посетуваат луѓе кои потекнуваат од таму и кои имаат обработливи земјоделски површини. Мал е бројот на оние што живеат во селото цела година.