ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » Продолжува комуналната изградба во Неготино

Продолжува комуналната изградба во Неготино


Додадено на 02-11-2012 во НЕГОТИНО

Во рамките на спроведувањето на  Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Неготино и остварувањето на заложбите на локалната самоуправа за уредување на централните подрачја во населените места, во село Црвени Брегови се пристапи кон уредување на парк, за што од Буџетот на општина Неготино се издвоени близу 300.000 денари.

Истите се наменети за поставување на бехатон коцки на споменатиот простор, изградба на пешачки патеки, оградување на бунарот, а наедно во околината на овој простор е засадена и трева. Предвидено е по завршувањето на јавниот тендер работници на локалното комунално претпријатие да постават и клупи а целиот простор ќе биде соодветно осветлен. Долги години наназад жителите од населбата Саат – кула имаа големи проблеми со недоволниот дотур на вода до нивните домови, проблем кој посебно го чуствуваа граѓаните кои живеат во зградите лоцирани во населбата.

По утврдувањето на причините за ваквата состојба  општина Неготино го реализираше проектот за санација на водоводната линија на улицата Владо Арсов Шпанц во должина од 200 метри  преку која водата доаѓа до жителите од Саат – кула. Констатирано е дека постоечките цевки се пластични, стари и дотраени од 6 бари, па токму затоа истите беа заменети и беа поставени нови полиетиленски цевки од 10 бари кои обезбедуваат далеку поквалитетен и стабилен проток на водата, а исто така се променија и приклучоците за домаќинства кои живеат на оваа улица. По комплетното спроведување на овој зафат дојде до драстично подобрување на состојбата а со цел за регулирање на протокот, поставени се и 2 вентили за регулирање на дототкот на вода во водоводната мрежа. Потребните средства за реализирање на проектот од 1.600.000 денари се обезбедени од Буџетот на општина Неготино.