ПРОЕКТОТ КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ ДЕНЕСКА БЕШЕ ПРЕТСТАВЕН ВО НЕГОТИНО
Проектите „ Купи куќа за млади “ и „ Купи куќа, купи стан “ синоќа беа презентирани пред заинтересираните граѓани на општина Неготино. За поволносттите и можностите кои ги нудат овие проекти пред присутните говореа претставникот на Министерството за финансии, раководителот на подрачна единица Неготино Никола Зафиров и претставници од локалната самоуправа.
На презентацијата беше истакнато дека со проектот „Купи куќа за млади“ под исклучително поволни услови им се овозможува на младите на возраст до 35 години да си го решат станбеното прашање и да дојдат до свој дом, своја куќа, така што можат да бираат еден од двата модела кои им се на располагање – „Субвенција на месечната рата“ или „Субвенција на учеството“.
Овој проект беше надополнет со иницијативата општините да понудат парцели за изградба на типски населби со најмалку или повеќе од 100 куќи при што младите ќе можат преку истиот да дојдат до сопствен дом. Поволната поддршка што ја дава државата е олеснување за граѓаните во плаќањето на ратите од кредитот или во покривањето на учеството, а тоа со овие два модели, го прави примамлив овој проект за младите.