ПРОЕКТОТ КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ПРЕТСТАВЕН ВО НЕГОТИНО
Денес, 31 март со почеток од 17,00 часот во големата сала на општина Неготино пред заинтересираните граѓани стручни лица ќе извршат презентација и запознавање на населението со проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ – проект кој предизвика огромен интерес кај јавноста. Младите, и не само тие, на презентацијата ќе можат да се информираат за поволностите од овој проект кој им нуди можности со субвенции од Владата на РМ да основаат сопствен дом. Се очекува пред присутните да бидат претставени и потенцирани вредностите на проектите, моделите на субвенционирање на рата, односно учество, како и можноста за градба не само на парцели кои ќе ги обезбеди општината, туку и на сопствен имот.