ПРОЛЕТ ВО ПАРКОТ ПРЕД УЧИЛИШТЕТО ВАСИЛ ГЛАВИНОВ ВЕЛЕС
И оваа пролет паркот пред основното училиште „Васил Главинов” Велес е едно од најпријатните места за одмор и релаксација во градот. За тоа говори посетеноста на паркот, која е огромна во секој период од денот.
Паркот располага со зелена површина од околу 5.000 м2, во чии рамки е изградена прекрасна фонтана, летниковци, патеки и други интересни содржини. Паркот изобилува со преубаво сезонско цвеќе и зимзелени и листопадни садници кои на посетителите им овозможуваат убава глетка и пријатен престој. Со уредувањето на оваа зелена површина овој дел од градот доби сосема нов поубав лик, а граѓаните добија уште едно место каде што можат да го поминуваат своето слободно време.