ПОЧЕТНА » МУЗИКА » ПРОМЕНИ ВО ЕВРОВИЗИСКОТО ГЛАСАЊЕ

ПРОМЕНИ ВО ЕВРОВИЗИСКОТО ГЛАСАЊЕ


Додадено на 18-02-2016 во МУЗИКА

Финалистите на овогодинашнaта Евровизија по првпат ќе се соочат со новиот метод на гласање. Станува збор за најголемата промена на овој натпревар уште од 1975 година.  Претходните години евровизиските правила наложуваа 50 отсто од гласовите да ги дава стручното жири, а 50 публиката. Но, од оваа година и жирито и гледачите од секоја земја одвоено ќе ги делат оцените од 1 до 8, како и 10 и 12, пишува на официјалната страна на овој натпревар.

Откако гледачите и публиката ќе гласаат по пат на телефон, СМС-пораки или апликација, портпаролот на секоја од 43-те земји ќе ги претстави поените на нивното стручно жири. По претставувањето на резултатите на жирито, ќе се избројат гласовите на публиката на сите земји така што секоја песна ќе добие своја оценка. Добиените гласови ќе ги презентира водителот така што прво ќе почне од земјата којашто добила најмал број поени од публиката, а ќе заврши со онаа којашто добила најмногу поени. За сите они кои ќе посакаат да проверат како нивната земја гласала, сите резултати ќе бидат достапни по натпреварот на официјалната страна на овој натпревар.