ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » Промени во начинот на членување во локалната библиотека во Неготино

Промени во начинот на членување во локалната библиотека во Неготино


Додадено на 23-10-2013 во НЕГОТИНО

Ако се зачлените на средината на октомври вашето членство ќе важи до следната година истиот датум.

 

Ова денеска го соопшти локалната библиотека „Страшо Пинџур“ - Неготино, апелирајќи до граѓаните коишто се’ уште не се запишале поради досегашното пресметување на траењето на членарината.

 

 

 

„Отсега времетраењето на членарината ќе се пресметува индивидуално за секој упишан читател и ќе трае една година од денот на уписот“, велат од библиотеката.

 

Инаку локалната библиотека до сега практикуваше членството да го обновува на крајот од секоја година, така што ако сте се запишале во октомври вашето членство практично ќе траело само три месеца - до крајот на декември.

 

Измените во начинот на членување библиотеката веќе ги спроведе. Сите оние коишто ќе се запишат сега, ќе бидат членови до истиот датум во 2014 година кога ќе треба да се презапишат.


Е.Д.