ПРОМОВИРАН МАКЕДОНСКИОТ ПОЧВЕН ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМ
Македонија доби своја педолошка карта во печатена и дигитална верзија. Деновиве Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство на Република Македонија го промовира македонскиот почвен информациски систем односно македонската педолошка карта. Картата е веќе во функција, а ќе послужи како основа за престојното агроеколошко реонирање на Македонија односно поделба на земјоделското производство според условите со единствена цел културите да се одгледуваат на најсоодветни почви што ќе овозможи остварување на максимални приноси и квалитет. Агроеколошкото реонирање велат од министерството ќе се реализира со посебен проект наредната 2016 година. Покрај научните сознанија ќе се вршат и опити за да се утврди кој семенски материјал каде најдобро успева. Државата во овој сегмент планира обезбедување на субвенции за заемјоделците за да произведуваат она што во одредени реон ќе даде најдобри резултати. Според педолошката карта Македонија е поделена на десет подрачја, а за секое е изработен толковник за почвите и нивните својства. Почвениот информативен систем содржи вкупно 61 карта во размер 1: 50 000. Освен десеттте толковници за картите отпечатена е и карта 1: 200 000 со посебен толкувач.