Пронајдено телото на удавениот кавадарчанец во Тиквешко Езеро
По пет дневна потрага пронајдено е телото на удавениот педесет и шест годишен кавадарчанец Раде Трајков во водите на Тиквешкото Езеро.
Од полицицијата потврдија дека вчера околу 13.20 кај нив е пријавено дека Трајков е изваден од водата.
„По наредба на Јавен обвинител лешот е предаден на обдукција“ рече Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.Телото е пронајдено на четериесетина метри од брегот.
Кавадарчанецот настрадат додека со соседот на викендицата на езерото влечеле некаков конец од езерото. Чамецот почнал да се полни со вода по што тие скокнале од него. Се држеле за даска од чамецот, но Трајков не успеал да го дочека рибарот кој им дошол на помош со друг чамец и се удавил. Несреќата се случи на дваесетина метри од брегот./A.Д