ПСД ОРЛЕ КАВАДАРЦИ ЌЕ ГО РЕАЛИЗИРА ФЕВРУАРСКИОТ ПОХОД
На 21 овој месец ПСД " Орле " Кавадарци ќе го реализира традиционалниот февруарски поход. Од 1944 до 2016 година Орле останува верно на традицијата и цели кон што помасовно вклучување на младата популација во овој поход, велат од друштвото.Годинава походот или маршутата почнува од местото викано мушов гроб Витачево.Ќе се пешачи по маркирана планинарска патека и ќе се цели до првото место за краток одмор кај антената Смрдла до која планирано е вели претседателот на Орле, Никола Миноров да се стигне за 2,5 до 3 часа активно пешачење.
Од тука до крајната цел според Миноров преостануваат уште активни час иполовина за пешачење, по што планирано е стигнување во летувалиштето Михајлово.Тука информираат од Орле планиран е заеднички февруарски ручек и благодарници и признанија за учениците. И годинава почестени ќе бидат најстариот и најмладиот учесник во февруарскио поход, а благодарници ПСД ќе додели на учениците од ООУ ТХТ и СОЗШУ Ѓорче Петров кој преку своите училишни планинарски секции и годинава активно и масовно се вклучуваат во активностите на Орле.Над 85 учесници досега се пријавени за учество во февруарскиот поход.Од нив 25 се ученици од планинарската секција на ООУ ТХТ и 15 на СОЗШУ Ѓорче Петров. Сеуште има место за нови учесници во походот, но поради ограничениот број во превозот до Мушов Гроб од каде потсетуваме почнува маршутата, од Орле велат во истата може да се вклучат сите заинтересирани кои со сопствени возила најдоцна до 9 часот ќе дојдат до месноста мушов гроб. Од планинарското друштво Орле велат дека се благодарни што во пресрет на нивните барања излегле локална самоуправа Кавадарци и Кожувчанка и се надеваат дека во својата историја планинарското спортско друштво ќе запише успешно реализиран уште еден февруарски поход.