ПСЖ повторно не успеа во Скопје
Додадено на 14-10-2013 во СПОРТ
"Фрустрирачко реми", "Бод со горчлив вкус" или "Само бод во Скопје" се дел од насловите од извештаите во француските медиуми по настапот на Пари Сен Жермен во дуелот со македонскиот првак, Вардар.
Весникот Л"Екип пишува дека по Барселона и Пари Сен Жермен не успеа да забележи победа против Вардар. Македонскиот шампион и покрај негативата од пет гола во финишот на крајот успеал да стигне до бод.
Порталот sport.fr смета дека основна причина за пропуштената шанса да се стигне до победа е потценувањето на противникот во финишот и преголемата самодоверба на играчите, кои сметаа дека по водството од 24:19 победата сама ќе си дојде по себе. Во продолжението се истакнува дека македонските ракометари бодрени од извонредната публика во моментите кога немаа што да загубат фрлија се на една карта и на крајот не само што израмнија туку и имаа напад за победа.
Во сите извештаи се потенцира лошиот старт на францускиот состав, кој на двете гостувања во Скопје успеа да освои само еден бод и дека по три кола забележана е само една победа и тоа онаа на стартот од натпреварувањето кога на домашен терен беше совладан Динамо Минск.
ПСЖ веќе во следното коло го очекува соочување со Барселона и се стравува дека и по четири рунди, францускиот состав може да остане на скромни за нив три бода.
Да не заборавиме да напомениме дека навивачката група Комити направија спектакуларно шоу!!!