РАБОТИЛНИЦА „ МЛАДОСТА НЕ СЕ МЕРИ, ТАА СЕ ПОКАЖУВА “ ВО НЕГОТИНО
Синоќа во ТИЦ „ Желкова Куќа “ во Неготино, младите од Медиа Арт клубот кој функционира во рамки на ЦРОР во Неготино организираа медиа арт настан односно работилница насловена како „ Младоста не се мери, таа се покажува “.
Главната цел на оваа работилница беше поттикнување на младите лица да се вклучат во нешто ново, поинакво за нив и да ги пронајдат главните таленти кои ги поседуваат. Како специфични цели кои се јавуваат кај нив се : непостоењето на простор во кој младите може да ги изразат своите таленти, да учествуваат во активности како што се глума, перформанс, снимање документарен филм и слично. Не поврзување на таргет групите со организација на настани од ваков вид како и непостоење координираност меѓу младите како и не доволно искуство во домемнот и желбата за нови знаења, искуства и информации. Како еден од неколкуте главни проблеми со кои се соочуваат младите лица од Неготино, тие го посочија непостоењето на доволно места за изразување на талентите во областа на глумата, уметноста, документирањето на филм, перформанс, мондерен танц итн. Младите од медиа арт клуб посочија дека потребата за постоење на простор на младите да бидат слушнати и видени од своите врсници како и генерациите блиску до нив е се поголема, а воедно и желбата за применување на нови методи на младите лица во овие специфики. Воедно она што се јавува како заеднички показател е дека младите од 14 до 18 години имаат слични или исти интереси и оваа категорија на лица има потреба од формирање на неформален облик на тело кое ќе се грижи за организација на настани од овој вид како и поддршка за сите лица кои имаат желба да пробаат нешто различно, за кое до сега немале можност.