ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » РАБОТИЛНИЦА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ ОПШТО КОРИСНА РАБОТА ВО НЕГОТИНО

РАБОТИЛНИЦА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ ОПШТО КОРИСНА РАБОТА ВО НЕГОТИНО


Додадено на 30-03-2016 во НЕГОТИНО

Утре 31 и петок 1 април под мотот „ Од замисла до услуга-креирање услуги во функција на поединецот “ во Неготино ќе се одржи една од трите информативни работилници во рамки на програмата „ Општинско корисна работа “.

Според агендата, настаните започнуваат утре, четврток од 11 часот со отворање на настанот од страна на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, по што воведни зборови ќе имаат претставници на Министерството за труд и социјална политика и УНДП кој е и коорганизатор на настанот, ќе бидат појаснети целта и содржината на дводневната работилница, а практичниот дел од работата ќе започне со видео презентација на моделот „ Креирање услуги во функција на поединецот“. Активностите продолжуваат и во петок во 08,30 часот и истите предвидено е да се одвиваат се до 14,30 часот со финализирање и презентирање на моделот.