ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » РАБОТИЛНИЦА КАКО ДА СЕ СПРАВИМЕ СО СТРЕСОТ И КОИ СЕ БЕНЕФИТЕТИ ОД МЕДИТАЦИЈАТА ВО НЕГОТИНО

РАБОТИЛНИЦА КАКО ДА СЕ СПРАВИМЕ СО СТРЕСОТ И КОИ СЕ БЕНЕФИТЕТИ ОД МЕДИТАЦИЈАТА ВО НЕГОТИНО


Додадено на 30-03-2015 во НЕГОТИНО

Синоќа за прв пат во општина Неготино, а воедно и во Македонија во големата сала на општина Неготино беше одржана работилница на тема „ Како да се справиме со стресот и кои се бенефитите од медитацијата“ на која говореше учител Пасура од Тајланд на која имаше можност да дискутира со сите заитересирани присутни лица. Влезот беше слободен и отворен за сите оние кои сакаа да научат нови нешта и да се стекнат со знаења за медитацијата. Терминот медитација се однесува на широк спектар на практики (како и терминот спорт) кој вклучува техники со цел да се промовира релаксација, да се изгради внатрешна енергија или сила на животот и да се развијат сочувството, љубовта, трпението, великодушноста и простувањето. Зборот медитација има различни значења во различни контексти. Медитацијата се практикува уште од античко време како дел од голем број верски традиции и верувања. Медитацијата често вклучува внатрешен напор за само-регулирање на умот на некој начин. Медитацијата често се користи за расчистување на умот и олеснување за многу здравствени проблеми, како што се високиот крвен притисок, депресијата и анксиозноста. Таа може да се направи седејќи, или на активен начин.

 Инаку, учителот Пасура е роден во Тајланд и има 25 годишно искуство во медитатиција. По долги години на учење англиски јазик од филмовите, завршил Мастер студии на кои се здобива со Диплома од Меѓународни Односи. Пасура има реализирано работилници и самити во Европа, Јужна Америка, Среден Исток, Азија и Јужно Источна Азија. Тој е директор на Мировна Револуција (Peace Revolution), непрофитна организација која има за цел да го шири Мирот во светот преку внатрешниот мир во сите нас. Воедно тој е и главниот и одговорниот уредник за публикациите кои се дел од фондацијата. Тој има Докторирано на Будистички студиии и го патува светот учејќи ги луѓето за бенефитите од медитација, дама и само одгледување. Од Центарот за регионален развој во Неготино се заблагодаруваат на сите за учеството на едно предавање кое не беше секојдневно и пренесуваат дека монкот е навистина задоволен од допринесот на сите и воедно пријатно изненаден за големиот интерес.