ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА ВЕСЕЛО ЛИЦЕ- ТАЖНО ЛИЦЕ ВО ООУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НЕГОТИНО

РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА ВЕСЕЛО ЛИЦЕ- ТАЖНО ЛИЦЕ ВО ООУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НЕГОТИНО


Додадено на 02-03-2016 во НЕГОТИНО

Во склоп на програмата за превенција од насилно однесување во ООУ „ Гоце Делчев “ во Неготино се предвидени низа на активности.

Една од нив е воспоставување на правила за ненасилна комуникација кои беа предложени и прифатени од членовите на ученичката заедница во ова училиште. Исто така предвидени се работилници во 3, 5, 7 и 8 одделение. Прва во редот беше работилницата на тема “Весело лице-тажно лице“ реализирана во третто одделение на која учениците научија да ги препознаваат емоциите кај себе и кај другите и се стекнаа со свесност за влијанието на своето однесување врз другите.