ПОЧЕТНА » КАВАДАРЦИ » РАБОТИЛНИЦА ЦВЕТНИ ПАТЕКИ НА ЖИВКО ПОПОВСКИ ЦВЕТИН СО УЧЕНИЦИТЕ ОД КАВАДАРЦИ

РАБОТИЛНИЦА ЦВЕТНИ ПАТЕКИ НА ЖИВКО ПОПОВСКИ ЦВЕТИН СО УЧЕНИЦИТЕ ОД КАВАДАРЦИ


Додадено на 21-03-2016 во КАВАДАРЦИ

 Денеска напладне во Галеријата на Домот на културата „Иван Мазов Климе“  учениците од гиманзијата „ Добри  Даскалов“ ,индустриското училиште „Ќиро Спанџов Брко“, и од двете основни училишта „Страшо Пинџур“ и „Тошо Велков Пепето“   имаа можност да се дружат заедно со  ликовниот уметник Живко Поповски Цветин  и професорот Ферид Мухиќ  во една ликовна работилница испреплетена со стихови од поетесата Анита Бошкова.

Учениците читаа поезија а Живко Поповски сликаше и им раскажуваше за неговата  цветна патека на мирот. За учениците еден необичен и многу убав настан кој верувам дека  остане во нивните сеќавања . Живко Поповски Цветин во своите цвеќиња на мирот во Кавадарци со самостојна изложба се претстави  во 1990 година во Музеј галеријата  и 1998 година во Младинскиот културен центар . Неговата цветна патека веќе е долга  10 километри. Сликањето со шпакла беше предизвик за многу од присутните ученици кои  не одолеа на можноста сами да се обидат да насликаат  свои цветови.

Ликовната работилница  заврши со потпишување на порака на мирот од страна на сите учесници на ликовната работилница „цветна патека на мирот “ . Пораката во шише заедно сите ученици отидоа да ја фрлат во реката Луда Мара од каде ќе отпатува  симболично до целиот цвет. Сликите кои за време на работилницата  ги наслика Живко Поповски ги подари на училиштата и на учениците .  Гостувањето на ликовниот уметник Живко Поповски Цветин вечерва завршува со отворање на негова состојна изложба во Галеријата на Домот на културата „ Иван Мазов Климе“ со почеток во 19 чсот на која за неговото творештво ќе говори професорот Ферид Мухиќ.